1 коментар 2 мин. читање 13 јуни, 2012

Научете да фотографирате правилно со CameraSim

SLR Camera Simulator е одлична алатка за да научите каква функција има експозицијата, каква блендата и какво светло ви е потребно за да направите добра фотографија.

Симулаторот, кој е достапен на веб и за Windows, Mac и iOS, е неверојатно корисен бидејќи освен што ви овозможува да одберете околина со одредено светло, има и две помошни опции за автоматско подесување на експозицијата и блендата. Има и мануелно одбирање на двете функционалности на апаратот за да може сами да се обидете да направите добра фотографија.

Во симулаторот ќе најдете и кратко објаснување на се што значат тие опции, што прават и што е потребно да знаете за да научите да фотографирате. За жал сето тоа е напишано на англиски, но доволно е да знаете дека блендата (Aperture) е колку е отворен сензорот и е обратно пропорционална, односно помала бројка значи поголемо изложување, додека експозицијата (Shutter) го одредува времето колку сензорот е изложен на светло. Сепак, бројките се универзални на секој апарат, па со доволно вежбање ќе научите што е потребно за сликање преку ден или во просторија со лошо светло.

[youtube]Q5hSiRR5hfo[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
GoodBytes
GoodBytes
14 years ago

Интересно и корисно. Фала.

Мени
Заедница
Изглед
To top