0 коментари 2 мин. читање 4 јуни, 2012

Facebook разгледува начини како деца помлади од 13 години да си отворат профил

Друштвената мрежа размислува како децата помлади од 13 години легално да можат да отворат профил, пишува Wall Street Journal.

Во моментов возрасната граница на Facebook е 13 години, што, ако се земе в обзир каква се содржина се споделува на мрежата, е малку претерано ниска граница бидејќи помладите не се заштитени воопшто, ниту пак родителите имаат знаење да ги спречат да ја користат мрежата. Околу 366.800 профили од македонски корисници на возраст од 13 до 17 години ја прегледуваат истата содржина како и возрасните корисници.

Новата технологија би требало да им овозможи на помладите корисници да ја користат мрежата безбедно. Но, Facebook одбива да креира посебна верзија на мрежата на која ќе се цензурира содржина. Наместо тоа ќе воведе опции преку кои родителите ќе имаат поголема контрола врз профилите на децата, како на пример, да ги поврзе профилите на децата со профилите на родителите или пак секое користење на апликација да чека одобрување од двата профили.

Најголем проблем секако ќе биде способноста на родителите да користат нова технологија, всушност треба да се повешти од помладите и вешти „дигитални домородци“ за да може да им го контролираат користењето на мрежата. Користење Facebook за многумина кои никогаш не ја користеле мрежата може да биде поразително искуство со премногу содржина и сложени опции, и уште попроблематично ќе им биде да се снајдат да контролираат туѓ профил.

Facebook сè уште не е сигурен за дали ќе ја воведе опцијата за помладите корисници.

„Неодамнешни извештаи истакнаа колку е тешко да се воведат ограничувања на возраст на Интернет, посебно кога родителите сакаат нивните деца да имаат пристап до онлајн содржина и сервиси.“, вели друштвената мрежа за WSJ.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top