Шпионскиот софтвер Flame крадел доверливи ирански документи

Откако се откри дека Stuxnet е сајбер оружје на САД и Израел, многумина се посомневаа дека и Flame, неодамна откриениот шпионски софтвер, е нивно дело со кое држат будно око врз Иран и нивната нуклеарна програма, иако и двете земји го негираа тоа.

Kaspersky Lab, кои го открија Flame, вели за BBC дека целта на софтверот е да се крадат доверливи документи од Иран. Напаѓачите најголем интерес имале во .pdf и текст фајлови, но и во AutoCad цртежи, најверојатно за да се добијат нацртите на нуклеарните централи, кои беа мета и на Stuxnet, и нацрти за електронски и механичка опрема.

Малициозниот софтверот е дистрибуиран преку лажни имиња и адреси кои се регистрале на над 80 ирански сајтови. Најстариот идентитет е од 2008-ма година, што значи дека софтверот ја шпионирал земјата веќе неколку години. Долгогодишното постоење на Flame ги поткрепува сомнежите дека заедно со Stuxnet, кој беше откриен во 2010 година, се дел од истата програма за сајбер напади. Првиот софтвер собира информации, додека вториот прави физичка штета на истите мети.

Flame најмногу го напаѓал Иран, па Палестина, Израел, а има траги и на системи во САД, Британија и Европа. Но, според истраживачите злонамерниот софтвер можеби ги користел другите земји како прокси за да си ги скрие трагите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments