Пандемијата на COVID-19 коронавирусот е прилично актуелна тема, но она што е интересно е што сé повеќе компании наоѓаат креативни начини да помогнат во борбата против истиот. Еден од примерите е и Microsoft, компанија која се одлучи да го искористи својот Microsoft Rewards програм за да помогне во ситуацијата.
Од пред еден месец, корисниците кои играат Xbox One игри во САД имаат можност да донираат на CDC фондацијата. Да е уште поинтересно, не се ограничени само на играње – купувањето и изнајмувањето на филмови, како и достигнувањата во игрите, ви носат поени. Што повеќе време посветите на вакви активности, толку поголема донација.

Microsoft Rewards програмот постои веќе подолго време, а истиот им овозможува на корисниците поените кои ги собираат преку него да ги користат за gift картички, виртуелни валути или онлајн натпревари. Од пред скоро, тука е и можноста поените да се донираат за CDC, а Microsoft ќе донира 1 долар за секои 1,000 поени.
Иако ова можеби не звучи како многу, собирањето на поени преку Microsoft Rewards е релативно лесно и не бара посебен труд. На пример, заедно со иницијативата корисниците добија едноставен начин да соберат 2,000 поени – се што требаше е да го посетите програмот на вашата конзола, да отклучите достигнување, и да донирате поени на CDC фондацијата.
Честопати ваквите трудови не се многи ефикасни, но во случајов е баш спротивно. Гејмерите кои се одлучија да го искористат програмот, во изминативе месец дена се одговорни за преку 100,000 донации, што значи стотици илјади долари донирани од страна на Microsoft за да помогнат на фондацијата во борбата против COVID-19.

“Во првите неколку недели откако најавивме дека корисниците на Xbox One можат да ги искористат своите Microsoft Rewards поени за да донираат на CDC фондацијата, нашата гејмерска заедница имаше преку 100,000 индивидуални донации – неверојатна поддршка за CDC фондацијата што придонесе со донации од стотици илјади долари од членови на Rewards програмот”, велат од Microsoft.
Покрај ова, од Microsoft најавуваат дека програмот ќе се прошири, и корисниците од САД ќе имаат можност да донираат и на GlobalGiving и на United Nations фондацијата. Заедно со ова, ќе има и брз и едноставен начин да се соберат 6,000 поени, еднократно, што резултира со донација во вредност од 6 долари.