Се повеќе луѓе користат повеќе од еден монитор, вели Microsoft. Околу 13 отсто од декстоп, и околу 4,3 отсто од лаптоп корисниците користат два монитори, некои дури и три и четири.
Затоа, да им обезбеди поголеми можности, Microsoft во својот нов оперативен систем Windows 8 ќе обезбеди подобра поддршка за користење на повеќе монитори, вклучувајќи и избирање на најдобра слика на мониторите кои се со различна големина. Ќе има и опција за одредување на различни позадини за секој монитор, и опција да може да си ги подесите рабовите на мониторот, кои Microsoft ги нарекува „вистински агли“ за да може полесно да се движи глувчето меѓу мониторите со разни големини и позиции.
Можеби една од најкорисната новина ќе биде тоа што таскбарот ќе може биде прикажуван на сите екрани кои ги користите. Во моментов потребни ви е друг софтвер да го направите тоа, и опциите за делење на сликата се доста едноставни, имате опција за одбирање кој да е вториот монитор и дали да биде продолжување или копија на главниот.
[youtube]NFBa5C2crdo[/youtube]
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.