0 коментари 2 мин. читање 11 мај, 2012

Наскоро ќе може да споделите фајлови до 25 MB преку Facebook групи

Дали и Facebook се вмешува во трката за најдоброто веб складиште? Доволно се големи за такво нешто.

Друштвента мрежа сега ќе им дозволи на корисниците да споделуваат фајлови преку групите, открива Mashable. Скоро 380 милиони корисници на Facebook се членови на барем една група на мрежата, а според Facebook, оваа опција е најбараното нешто од корисниците кои ќе можат да закачат фајлови до 25 мегабајти, што е ист лимит како на Gmail, и да ги споделат со другите членови на групите.

Но! Нема да може да се закачуваат музички фајлови, најверојатно заради пиратеријата и партнерството со музички сервиси, ниту ќе може да се споделуваат извршливи .exe фајлови, што е логично поради спамирањето и безбедноста. Ќе може да се закачуваат книги во .pdf формат, музички видеа и кратки филмови.

Блогот вели дека Facebook моментално ја тестира опцијата со мал број корисници, и дека ќе биде достапна на другите во период од неколку дена.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top