0 коментари 1 мин. читање

Бесплатни обуки за отворање е-продавници за студенти и невработени со Exquisite.mk

За да ја потикнат е-трговијата, е-продавницата Exquisite.mk и Амбасадата на Кралство Норвешка организираат бесплатни обуки наменети за студенти и невработени. Обуките ќе се одржуваат еднаш месечно од мај до октомври 2012 година во времетраење од 2 дена (12 часа).

Краен рок за аплицирање е 25-ти мај, а за да учествувате потребно е да испратите пополнета апликација од еx.mk, заедно со копија од потврда дека сте студенти или невработен. Детали за бесплатните обуки ќе најдете на сајтот или да пишете на  [email protected].

Термини за обуките:

  • 29 и 30 мај 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
  • 12 и 13 јуни 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
  • 5 и 6 јули 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
  • 30 и 31 август 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
  • 18 и 19 септември 2012 година (10:00 до 16:00 часот).
  • 16 и 17 октомври 2012 година (10:00 до 16:00 часот).

 

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top