0 коментари 1 мин. читање

Google официјално ги стартува AdWords за видео

Претставена и тестирана уште во септември, а сега и официјално стартувана, AdWords for Video ќе биде уште една алатка со која Google ќе доминира со веб рекламите.

Овие видео реклами ќе бидат интегрирани во AdWords таблата преку која корисниците ќе можат да менаџираат и да се надаваат за сите маркетинг кампањи: текстуални, визуелни и видео. Kaко и рекламите во пребарувањето, и за AdWords за видео ќе ги користи TrueView моделот на реклами кои ќе се плаќаат по клик, односно откако видеото ќе биде прегледано целосно, нема да се наплаќа доколку се рипне по неколку секунди гледање. Видео рекламите ќе треба да им овозможат на малите бизниси да си ги промовираат продуктите на 3 милијарди YouTube видеа.

Преку интерфејсот за AdWords бизнисите ќе може да се прегледуваат разни статистики за интеракцијата на рекламата со корисниците, како и демографијата на публиката, избор за клучни зборови и други алатки за подобро подесување на рекламата. Повеќе детали ќе најдете во двете видеа подолу.

[youtube]jjJaNbMN6-g[/youtube]

[youtube]3ryREDjFj-U[/youtube]
Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top