0 коментари 1 мин. читање

Французите со кодирани твитови ја избегнаа забраната за споделување изборни релзултати

Патлиџанот e зелен, температурата во Будимпешта e 25 степени, а францускиот „флан“ е во рерната. Звучи чудно, но овие шифрирани твитови ја информираа Франција и светот за резултатите од парламентарните избори.

Твитерџиите во неделата ги користеа кодираните твитови за да ги избегнат казните бидејќи во Франција е забрането да се споделуваат прелиминарни информации за изборите во медиумите и на друштвените мрежи. Забраната за Twitter и Facebook беше најавена минатата недела, но јавниот обвинител испушти да каже дека се забранети кодирани зборови, пишува New York Times. Тој „пропуст“ ги инспирира француските твитерџиите на досетлив и кретивен начин да информираат за изборите без да бидат казнети.

Целата дискусија беше организарана преку хаш-тагот #RadioLondres, според Чарлс де Гол кој преку Радио Лондон за време на Втората светска војна им говореше на французите. Како „флан“ беше обележан социјалистот Франсис Оланд кој победи во првата рунда бидејќи е познат како „Фланби“, а како црвен „патлиџан“ беше обележан левичарот Џан-Лук Меленхон. Сегашниот претседател Николас Саркози беше обележан со Будимпешта бидејќе неговиот татко е од Унгарија.

Ниту еден од француските медиуми не се обиде да ја прекрши забраната.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top