1 коментар 1 мин. читање

Анализа на .мк домените

Има околу 22.404 регистрирани .мк домени заклучно со април 2012-та година, и секоја година има 20% раст во регистрации, ни открива Георги Станојевски од хаклабот КИКА во неговата анализа на домените.

Истражувањето покажува дека од нешто над 22-те илјади регистрирани домени, 17.094 се активни, додека 5.310 се некативни домени, односно немаат SOA запис. Од активните домени, околу 78 отсто или 13.440 имаат конфигурирано некаков веб сајт на регистрираниот домен. Од сите регистрирани домени 89 отсто се терцијарни домени под .com.mk и .mk, па следат .org.mk и .net.mk. Најмалку регистрирани има .name.mk домени, поточно само 11.

Сите податоци се добиени со анализа на јавно достапните податоци од регистарот на МАРНет, a процедурата како се собирани информациите може да ја видите тука.

Анализа на .mk домените 2012

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top