0 коментари 1 мин. читање 19 април, 2012

Tumblr ќе воведе реклами за брендови

Tumblr, се попопуларна блогерска платформа, oд втори мај ќе воведе платени реклами за брендовите да можат да се истакнат на сајтот преку Radar постовите. Ова е прв пат во своето петгодишно постоење Tumblr да дозволи поинаков начин на истакнување на содржина, иако поголем дел од брендовите имаат свои блогови на платформата.

Рекламите се најавени на конференцијата на Ad Age, каде основачот на Tumblr, Дејвид Карп, рече дека бил „идиот“ што пред година дена мислел дека не му требаат реклами, иако се уште верува дека потребата да се користат рекламни платформи ја уништуваат креативноста. Затоа и ги избегнуваа Google АdWords, чекајќи да си направат свое решение.

Tumblr сега има околу 50 милиони блогови, а од неодамна забележаа 20 милијарди блог постови. Уште поинтересно, се очекува терминот „Tumblr” да стане попопуларен од „блог“ во пребарувањето.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top