0 коментари 2 мин. читање 19 април, 2012

BranchOut е Facebook апликација која стана сериозен конкурент на LinkedIn и Viadeo

Facebook апликацијата BranchOut успеа за две години да привлече 25 милиони корисници, и со тоа да стане сериозен конкурен на бизнис друштвените мрежи LinkedIn и Viadeo, кои имаат околу 150 милиони, односно 45 милиони корисници.

Според директорот на BranchOut, Рик Марини, тие „во овој момент сме како Coca-Cola и Pepsi”.

„LinkedIn е некој кој ќе го сретнам на конференција за 5 минути. Facebook се моите вистински пријатели и семејство, мојата мрежа за поддршка. Тие се луѓето кои ќе ми помогнат да најдам работа.”

Предноста и уникатноста на BranchOut, споредено со другите две мрежи, е што е на Facebook каде се наоѓаат околу 800 милиони корисници на кои не им треба нов профил, ново корисничко име за да ја користат мрежата и да се поврзат со други професионалци. Дополнително, денес се повеже компании го користат Facebook да се поврзат со своите вработени или нови кандидати за да воспостават и одржат контакт, што ја прави BranchOut полесна за користење.

Сега овој стартап со 45 вработени собра уште 25 милиони долари за понатамошен развој. Во моментов имаа околу 3 милиони огласи за работа и, тоа што го покажува нејзиниот потенцијал е дека од декември 2011-та месечните посети пораснаа од 400.000 на 13 милиони!

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top