Околу триста илјади корисници и 100.000 долари приходи од видео игра, која, што ја прави приказнава за интересна, работи на новата Windows Phone платформа.
Windows Phone платформата сè уште не е конкурентна на пазарот. Има само 80.000 апликации за неа. Ова е голема бројка секако, но споредено со Android и iOS пазарот и фалат неколку стотина илјади. Што е полошо, платформата не е интересна за корисниците, неодамна рекоа европските оператори. Па како FourBros, студиото зад видео играта Taptitude, успева да забележи ваков успех на оваа платформа?
Taptitude апликацијата во себе има неколку мини игри кои доделуваат поени потребни за да се отклучат уште повеќе игри. До сега FourBros има додадено околу 60 игри. Можеби ова е почеток на гејминг мобилна платформа?
Играта е бесплатна, но зработува од реклами преку pubCenter на Microsoft, кој наплаќа по импресии кои им носат околу 1.000 долари на ден. До сега се забележни вкупно 100 милиони импресии за неколку месеци, а се исплаќаат 10 долари на 10.000 импресии! Најголем пораст во приходите е забележан откако стартуваа Nokia Lumia телефоните, качувајќи ја цената на појавување на рекламите од 1 до 3 долари, иако најголем дел од корисниците се на HTC уредите.
Kако што расте Windows Phone пазарот, така сигурно ќе порасне и Taptitude чија приказна ќе ги мотивира и другите студија и индивидуални развивачи на апликации да се заинтересираат. Приходите се одлични, потребно е добра идеја и добра рекламна платформа.








