0 коментари 1 мин. читање

Google Drive доаѓа следната недела со бесплатни 5 GB простор

The Next Web успеа да дојде до соопштение во кое се вели дека Google Drive, нов сервис на кој ќе може да се складираат фајлови во облакот, ќе биде претставен наредната недела.

Според соопштението, сервисот ќе биде бесплатен за користење и ќе им понуди на корисниците почетни 5 GB простор. Велиме „почетни“ 5 GB бидејќи како и кај секој вакво онлајн складиште за повеќе простор ќе се наплаќа, или пак ќе има некои промотивни акции со кои корисниците ќе собираат бесплатни мегабајти да си го зголемат просторот.

Google Drive ќе работи со десктоп фолдери, налик на Dropbox, SugarSync и други. За тие што не се запознаени со овие сервиси, тоа значи дека ќе имате фолдер на вашиот компјутер кој е директно поврзан со онлајн сервисот. Штом додадете фајл во тој фолдер, тој автоматски се закачува на веб.

Неофицијално претпоставките, според тоа како Google ги интегрира своите сервиси, се дека Google Drive ќе биде поврзан со другите Google-oви апликации, пример Docs, и најверојатно со Google Play (претходно Android Market) од каде може да се симнува забавна содржина како музика и филмови.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top