10 коментари 2 мин. читање

Новиот Nokia Lumia 900 има солиден хардвер, но и фантастична цена

Споредено со конкурентите, Nokia Lumia 900 е малку послаб уред, но со многу поатрактивна цена која започнува од 99 долари во САД. Секако оваа цена може да се промени доколку телефонот дојде во Македонија.

Lumia 900 има 1,4 GHz Qualcomm Snapdragon S2 процесор со едно јадро, 512 MB RAM, 16 GB простор, 4,3-инчен AMOLED екран со резолуција 800×480 и 8 мегапиксели задна камера, 1 MP предна. Oвие хардверски перформанси не се воопшто лоши за таа цена, но споредено со најдоброто од конкуренцијата Galaxy Nexus и iPhone 4S сепак се далеку послаби. Nokia Lumia 900 има помал екран, послаб процесор од дво-јадрениот 1,2 GHz процесор на Nexus и A5 на iPhone 4S, и двојно помалку RAM од 1 GB на Nexus, односно исто RAM како iPhone 4S.

[youtube]c1qurHPAeDA[/youtube]

Но, хардверските перформанси се само дел од приказната. Lumia работи на Windows Phone Mango чија продавница само што надмина 80.000 апликации. Споредено со 400.000 на Google Play, односно 600.000 на App Store, тоа е навистина малку.За фановите на Windows Phone, приказната само што започнува. Токму затоа Lumia 900 има цена од 99 долари бидејќи нејзината цел е да ја пробие платформата на пазарот. Со таков хардвер и цена, тоа е навистина можно.

Според многу ИТ сајтови, Lumia 900 е солиден телефон кој соодветно го носи оперативниот систем, но сепак Windows Phone платформата е таа што ќе биде одлучувачки фактор за Nokia и Microsoft. Подолу е видео рецензија од The Verge.

[youtube]m4PKcYEQAqY[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

10 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top