0 коментари 1 мин. читање

Yahoo отпушти 14 отсто од вработените

Yahoo потврди дека отпушта 2.000 вработени, што, според компанијата, е „тешка одлука“, но „и храбар потег кон помала и попрофитна“ компанија. Yahoo сега останува со 12.000 вработени, од 14-те претходно, и според проценки на компанијата, со отпуштањата ќе зачува 375 милиони долари. Отказите ги опфатиле сите делови од компанијата, а најмногу одделот за продукти и интернационалните оддели.

Ова е најголемото отпуштање во историјата на американската компанија која во последниве две години се најде под притисок од сериозна конкуренција, од една страна беше Google со пребарувањето, од друга друштвените мрежи како Facebook и Twitter каде што се пренасочи целата содржина.

Според All Things D, „отпуштањата не се крај на патот кон скратување на трошоците. Заедно со штитење на бизнисот со пребарување и реклами, водството на Yahoo бара идни кратења додека го проценуваат својот бизнис, што може да значи отказ за уште повеќе вработени.“

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top