0 коментари 1 мин. читање

Tumblr додаде интеграција со Facebook Timeline

Tumblr, блогинг платформата која минатата недела го прослави својот 20 милијардити пост, сега претстави новина која сигурно ќе им се допадне на блогерите кои сакаат својата содржина да им се појави и на Facebook.

Тumblr вели дека споделувањето со Facebook сега е „милијарда пати“ полесно бидејќи Tumblr блоговите сега се појавуваат на Facebook Timeline, Тicker и фидот за вести. За да се сподели блог постот на мрежата се што треба да се направи е да се кликне send to Facebook копчето во опциите за автоматско споделување.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top