Југотон најави на својот Facebook профил дека ќе го има третото продолжение на култната игра Diablо во својата продавница на денот кога и официјално ќе биде пуштена играта – 15-ти мај. За многумина кои не се во можност да ја купат дигиталната копија од сајтовите на Blizzard, физичката копија останува единствена алтернатива.
Jуготон вели дека количините на играта се ограничени, па ги советуваат сите заинтересирани да си ја нарачаат. Diablo 3 чини 3.600 денари.
Diablo е култна RPG игра на Blizzard Entertainment, и една од најуспешните игри во историјата на гејмингот. Играчите чекаа скоро 11 години за да го добијат третото продолжени.

Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.