2 коментари 1 мин. читање

Here е мобилната апликација за плаќање на Paypal

Како што беше и најавено, Paypal викендов го претстави Here, новиот сервис на компанијата кој овозможува наплата директно на мобилниот телефон. Служејќи како виртуелен POS терминал, Here ќе овозможи на трговците и сопствениците на бизниси лесно да наплатат со кредитна картичка и брзо да ја процесираат трансакцијата.

Here е директен конкурент на Square, сервис започнат од еден од основачите на Twitter кој во САД доживеа огромен успех. Споредбено со Square, Paypal Here ви овозможува неколку дополнителни функционалности како на пример прифаќање на трансакција без читач за картички со едноставно сликање на картичката и можност за создавање и менаџирање на фактури…

Дури и трошокот за процесирање на Paypal Here е поконкурентен од оној на Square, 2.7% наспроти 2.75%.

[youtube]s_R8TJMNWnU[/youtube]

Конкурентноста е одлична работа за еден пазар, па да се надеваме дека во блиска иднина ќе бидеме сведоци на уште поиновативни начини за вршење на трансакции преку мобилен телефон.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top