Project Re:Brief е иницијатива на Google да го подобри дигиталниот маркетинг преку адаптирање на неколку епски кампањи од историјата на маркетингот за дигиталниот свет.
Оваа година интернет маркетингот ќе наполни 18 години. Но, и покрај скоро две декади иновација, дигитални реклами и кампањи, оваа гранка од маркетингот воглавно се користи како дополнување на активностите од традиционалните кампањи кои сеуште ја имаат главната улога во секој маркетинг буџет и план.
Соработувајќи со четири брендови – Coca-Cola, Volvo, Alka Seltzer и Avis, Google ќе се обиде да ги адаптира нивните најпознати маркетинг кампањи за модерниот потрошувач кој користи технологија која воопшто не постоела пред 10-15 години.
[youtube]vPDnZoJiwA4[/youtube]
Повеќе за проектот ќе пронајдете на следниов линк.







