Иако се разлутени противници во судниците каде се докажуваат кој чии патенти злопотребил, сепак Samsung и Apple се и добри бизнис соработници.
Блогот iFixit го расклопи новиот iPad и откри дека LCD екранот на таблет компјутерот е изработен од јужно корејската компанија. Дополнително, чиповите за комуникација кои ги користи Apple се изработени од Broadcom и Qualcomm во фабрики кои се во сопственост на Samsung. Aкциите на Samsung пораснаа веднаш штом се рашири веста дека се инволвирани во новиот iPad, пишува BBC. Акциите на Apple во моментов се највредните во светот.
Во расклопувањето се откри дека поголемиот дел од новиот iPad го сочинуваат батериите кои сега се 70 отсто поголем капацитет. Но, новиот iPаd пак ќе треба да се полни по 10 часа користење, како и iPad 2. Поголемите батерии се потребни заради подобриот A5X процесор и графичкиот процесот, за кој Apple вели дека е четири пати помоќен од претходната генерација. Се разбира, подобар графички процесор е потребен за двојно поголемата резолуција од 2048 x 1536 пиксели.
Интересно, ко-основачот на iFixit одлета во Австралија за да биде првиот корисник кој ќе го купи iPad. Иронично, тој го купи за да може да го расклопи.
Глобалната продажба на новиот iPad која започнува денес во 10 земји, а од 23 март и во уште 25.
[youtube]VXuFZE9g3iE[/youtube]
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.