Најверојатно главната вест за видео игрите која ќе ја видиме месецов е вчерашната објава на Blizzard за конечниот датум на излегување на Diablo 3. Сепак да не беше оваа вест најверојатно најкоментиран настан ќе беше гласината дека Bethesda и ZeniMax во мај ќе го објават својот прв ММО (масивен мултиплеер) проект Elder Scrolls Online.
Според tomsguide, веста е потврдена од два извори, но објавени се многу малку детали за самата игра. Дејството на играта ќе биде сместено еден милениум пред Skyrim, а играчите ќе имаат можмост да одберат една од трите фракции. Фракциите за сега се познати единствено по нивните симболи: лав, змеј и феникс. Со оглед на тоа дека Skyrim ги однесе речиси сите награди за најдобра игра годинава ова можеби и не е лоша идеја.
Инаку оваа не е првпат да се спомне серијалот како можна подлога за ММО игра, а вакви вести имаше и пред пет години, само што тогаш се шпекулираше дека Fallout ќе биде првиот избор за ММО.
Што се однесува до приказните и историјата на Tamriel (континентот на кој ги следиме настаните) и Nirn (светот на кој се наоѓа „Tamriel”) на играчите кои го играле овој серијал им е добро позната речиси фанатичната посветеност на дизајнерите во својата намера да ве запознаат со светот, но и со историјата и хронолигијата на настаните на континентот. А пољубопитните можат да ја разгледаат историјата на http://www.imperial-library.info.
Бидејќи и досега Elder Scrolls серијалите со својот комплексен свет наликуваа на ММОRPG, најголем проблем со кој можат да се сретнат е презаситеноста на пазарот од ММО-а, а и можниот гнев на фановите доколку се решат серијалот да го претворат во целосно онлајн издание.
[youtube]PjqsYzBrP-M[/youtube]








fap fap fap fap