Веќе може да се каже дека убаво зачекоривме во 2020, но што е со сите тие ветувања дека поздраво ќе живееме, ќе почнеме да одиме во теретана и конечно ќе се доведеме во ред?
2020 година не мора да биде како 2019.
Ова е нова година за целосно новата реинвенција. Nike Training Club е апликацијата со која би можеле да го направите првиот чекор. Како еден вид личен тренер, Nike Training Club ќе проба да ве едуцира и мотивира без да ви наметнува (скапи) претплати.
На располагање имате најразлични вежби за загревање, за главни сесии на вежбање и бројни фитнес планови. Најдоброто е тоа што не мора да платите за нив. Да, апликацијата се одликува со продавница, но, доколку сакате, без проблем можете да игнорирате сè што е на понуда.
Пријатно вежбање!







