Создавајте слајдшоу од фотографии со Photostage Slideshow

0 коментари 1 мин. читање

Имате голема колекција од фотографии и уште поголема желба константно да им ги сервирате на најблиските? Веќе кога ги мачите, мачете ги со стил и наместо стерилно листање на фотографиите пуштете им слајдшоу со интересни ефекти.

Photostage Slideshow Software Free е корисна апликација со која можете да ги трансформирате фотографиите во релативно импресивно слајдшоу. Можете да наместите најразлично зумирање, превртување, или преливање од една во друга фотографија, како и да вметнете наслови, музика, па дури и нарација.

Креираните ремек дела потоа можете да ги префрлите во видео форма, да ги изрежате на DVD, или да ги поставите на YouTube, односно Vimeo. Создадениот слајдшоу можете и да го поставите на некој од најпознатите сервиси за складирање на облак, па од тука да го споделите со контактите.

Процедурате е крајно едноставна и се започнува со фаќање и пуштање фотографии во самиот интерфејс од програмот. Од тука, ги префрлувате на временската линија и започнувате со средувањето.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед