0 коментари 2 мин. читање 19 февруари, 2020

Лидерите на најмоќните технолошки компании дојдоа во Европа

Сундарј Пичај од Google, Џон Џијандреа од Apple и Марк Закерберг од Facebook беа во Брисел за да ја претстават својата визија за иднината.

Претставници на Европската Унија ја разгледуваат иднината на вештачката интелигенција и можностите кои ги отвора истата. Придобивките секако се многубројни, но целосната примена на технологијата ќе биде неодговорно, ако не се разгледаат и опасностите.

Токму ова е причината за посетите на високите претставници на Apple, Google и Facebook во Европа. Унијата разгледува воспоставување на законски рамки кои ќе овозможат безбедна употреба на вештачката интелигенција.

„Вештачката интелигенција ветува огромен бенефит за Европа и светот, но постои реална причина за загриженост од негативни последици“, вели Сундер Пичај.

Веќе денес ќе биде објавена првиот драфт документ со кој ќе започне и дебатата за иднината на вештачката интелигенција. Дополнително ќе бидат објавени и насоки за дигитална страгија за следните неколку години, јави New York Times.

Најголемата опасност во моментов е во намалувањето на работни позиции за луѓето за сметка на вештачката интелигенција. На долг рок овие проблеми можеби и ќе бидат надминати, но во краток период можно е да бидат предизвик.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top