4 коментари 2 мин. читање

Пријавете данок преку Интернет

Управата за јавни приходи стартува веб сервис преку кој од 16-ти февруари граѓаните ќе можат да поднесуваат даночна пријава. Наместо да се туркаат на шалтери, тие ќе можат да поднесат даночни пријави од дома, во било кое време.

Електронското пријавување на данок ќе функционира преку USB токен. Граѓаните ќе се регистрираат на etax.ujp.gov.mk, ќе треба да потпишат документ со дигитален сертификат на USB токен кој може да се купи во КИБС или Македонски Телеком по цена од 830 и 950 денари, и кој ќе може да се користи за сите видови на електронски услуги.

„Со овој сертификат се врши авторизација и дигитално се потпишува даночната пријава со цел да се намалат погрешните уплати на даноците, системот овозможува генерирање на електронски налози на плаќање. Овие налози ќе бидат достапни за банките, така што при уплатата во платниот промет по налог на даночниот обврзник истите ќе бидат повлечени од страна на банките и на тој начин ќе се затвори трансакцијата. Освен електронско доставување на даночни пријави, системот нуди и електронско поднесување и на 40 тина други даночни поднесоци.“, вели заменик-министерката за ИТ, Марта Арсовска-Томовска.

Според УЈП, целта на електронското пријавување е да се намали корупцијата и непотизмот, а тоа најдобро може да се направи со што е можно помал контакт меѓу граѓаните и даночниот службеник.

Во 2011 година УЈП услужи 200.000 граѓани, и се очекува барем 30 отсто од нив да ја користат оваа нова услуга.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top