Секако дека HTML5 е подобро решение за веб базирани видео игри бидејќи за разлика од Flash нема потреба од дополнителни плагини кои се лиценцирани, не се срушуваат често и не ја јадат батеријата на мобилните уреди. Но, тоа не значи дека HTML5 e попопуларен од Flash кај развивачите на игри.
Според инфографикот на One More Level, развивачите на видео игри сè уште работат со Flash бидејќи оваа платформа на Adobe е поддржана од 99 отсто од веб прелистувачите, додека HTML5 само од 40 отсто.
Токму поради тоа, има околу стотина игри со поддршка за HTML5, и над 100.000 кои работат на Flash. Како пример може да послужат друштвените игри на Facebook, каде најпопуларната CityVille e достапна само во Flash. Втората најпопуларна игра FarmVille е во Flash и HTML5, третата Sims Social е само во Flash, додека четвртата Texas HoldEm Poker е ексклузивно во HTML5.

Created by: One More Level
Коментари
2 коментари
Коментарите се затворени.