5 коментари 2 мин. читање

Ќе нема Start копче во Windows 8?

Microsoft можеби ќе го тргне Start копчето во новиот Windows 8. Во најновата верзија на оперативниот систем која е означена како Consuver Preview, што е многу блиску до финалната бета и конечна верзија, Start копчето е заменето со опција за полесно префрлување меѓу двата интерфејси, стандард и Metro.

Start копчето беше претставено пред нешто повеќе од 15 години во Windows 95, и стана едно од најважните копчиња на тогаш редизајнираниот оперативен систем. Во поновите верзии, наместо да пишува Start копчето беше заменето со топка со лого на Windows. Start копчето беше присутно и во раните верзии на Windows 8 во Metro интерфејсот, каде што не отвараше менија со програми, туку линкаше на Settings, Share, Devices и Search менијата.

Во новата 8220 верзија местото каде што се наоѓаше Start копчето ќе биде заменето со „hotspot” преку кој ќе се менува интерфејсот од стандарден во Metro и обратно. Taa опција ќе се активира откако ќе се постави глувчето врз него или со покрети (наменето за таблет компјутерите).

Според Verge кои разговараа со извор близок до Microsoft, ќе се зачува Super Bar, односно хоризонталниот таскбар на кој ќе можат да се закачуваат (pin) програми за полесно активирање.

Сепак, треба да се земе во предвид дека ова е тест верзија на Windows 8, па можно е Microsoft да се предомисли за Start копчето бидејќи тоа е важен дел од корисничките навики.


Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top