Истрагата на местото на злосторството ќе добие еден многу важен и корисен сојузник што може да се носи на грб и како очила, и да ја измени целата околина каде што се извршило злосторството, без да допре ниту еден објект.
Проширената, аугментирана реалност нуди можност да ја изменувате реалната слика што се снима од камера, и врз сите тие информации да поставувате ваши содржини. Во овој случај тим од научници од Делфт универзитетот во Холандија работат на систем што може виртуелно да поставува предмети, да назначува објекти во просторот, за потоа истите да се запамтат и на крај да се прикажат како легални докази на суд, пишува New Scientist.
Системот работи со тоа што носителот на очилата што снимаат и прикажуваат агументирана реалност снима и интерпретира гестови со рацете. Можеби од страна професионалните истражувачи на злосторството ќе изгледаат како неуспешни магионичари што ја испробуваат новата магија со огнени топки, но овој систем ќе овозможи многу ефективно и безбедно означување и интеракција со просторот, без притоа да има опасност од контаминација или загадување на сцената на злосторството со пост злосторни елементи.
Во исто време, во живо се емитува видео сигналот до други истражувачи што имаат директен контакт, па така можат и да се консултираат знаејки точно што се случува на сцената.
Зачудувачки е зошто сеуште оваа технологија не e овозможена за цивилна употреба на пазарот, можеби со поевтинување на повеќејадрените мобилни процесори наскоро ќе можеме и ние да мавтаме во воздухот читајки пошта или играјќи Angry Birds.
Коментари
5 коментари
Коментарите се затворени.