0 коментари 1 мин. читање

Симнете го најновиот Firefox 10 на македонски јазик

Повеќето интернет прелистувачи сега имаат многу брзи циклуси на надоградување, и рредот стигна на Firefox да излезе со својата десетта итерација. Повеќето промени од деветтата верзија на Firefox на десеттата се незабележителни и се работи за оптимизации, поправки на багови, компатибилности. Од Mozilla тврдат дека повеќето додатоци сега се компатибилни со најновата верзија на Firefox.

Во оваа десетта верзија на Firefox исто така постои API за потполен екран, така да создавачите на игри, и софтвер базиран на облакот и слични апликации сигурно ќе најдат корист за оваа функција.

Корисниците на Mac веќе нема да се соочат со повремени падови на Firefox поради багот поврзан со најновaта верзија на Java. Исто така испеглан е багот што се јавува кога се отвараат одбележувачите што некои корисници го искусуваат.

Firefox 10 за Windows/Linux/OSX на Македонски можете да го симнете од овде. Побарајте подоле во листата од можни јазици.

Напишано од

Дамјан Цветков-Димитров е дизајнер на игри и поранешен автор на IТ.com.mk. Има нездрава опсесија со интернет култура, нови медиуми, технологија, компјутерски игри, друштвени мрежи и електронска музика.

Мени
Заедница
Изглед
To top