Kinect доаѓа на Windows во февруари

0 коментари 1 мин. читање

На CES, директорот на Microsoft, Стив Балмер најави дека популарниот Kinect ќе биде достапен и за Windows од 1 февруари. Технологијата за препознавање на движењето на телoто со кое се контролира апликација, наместо со џоистик, до сега беше достапна само за xBox.

Microsoft сруши рекорд со продажбата на популарниот уред, кој првично беше наменет за видео игрите, налик на Nintendo Wii, каде многу бргу го промени начинот на како ги сфаќаме видео игрите.

Благодарение на љубопитните хакери и истражувачи се откри и дека со Kinect всушност може да се прават безброј интересни манипулации, по што Microsoft објави и софтверски алатки за уредот за да може да се искористи за разни нешта, меѓу кои и да им послужи како помош на слепите.

Од говорот на г. Бaлмер на CES не се откри кои функции ќе ги има Kinect за Windows, но претпоставките се дека ова ќе овоможи контрола на оперативниот систем само со движење на телото. Microsoft работи со 200 компании кои ќе обезбедат апликации за Kinect.

[youtube]Mf44bWQr3jc[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top