Двајца кумановци, 21 и 44 година, добиja кривични пријави бидејќи креирале лажни Facebook профили на девојка, односно 44-годишниот маж со иницијали С.С креирал лажен профил на поранешна жена. И двајцата добиja кривични пријави заради злоупотреба на лични податоци. И во двата случаеви најверојатно е дека мотивот бил одмазда.
Eве дел од извештајот на МВР:
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С.(44) од Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на 2010 година, пријавениот без согласност на неговата поранешна сопруга М.С.(35) од Куманово, користел нејзини лични податоци, на начин што во нејзино име на социјалната мрежа „facebook“ креирал лажен профил преку кој објавил нејзини фотографии и коментари со навредлива и вулгарна содржина, а во повеќе наврати во нејзино име остварувал и контакти со други корисници на мрежата.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.С.(21) од Куманово за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во текот на 2010 година, пријавениот без согласност на Ј.К.(21) од Куманово, на социјалната мрежа „facebook“ креирал лажни профили на име на Ј.К. преку кои без нејзино знаење и согласнот објавил повеќе фотографии и коментари, а остварувал и контакти со други корисници на мрежата.
Злоупотребата на лични податоци на Facebook во Македонија не е нешто ново. Напротив, се случува често. За да не се најдете во слична ситуација вашите податоци да бидат злоупотребени, еве неколку совети за како да постапите:
- Не ја кажувајте лозинката никому, дури и на вашиот дечко, девојка, маж или жена.
- Користете посложени лозинки од вашиот роденден, име на девојката или децата, или 654321. Користете големи букви и други знаци во лозинката.
- Секогаш проверувајте дали сте се одлогирале од Facebook, посебно кога користите туѓ компјутер.
- Користете ги опциите за безбедност на профилот. Отидете на Account Settings -> Security и вклучете да мора да се верификува кога некој ќе се логира на вашиот профил од друг непознат уред. Активирајте нотификации за логирање.
- Доколку некој добие пристап до вашите лични податоци, т.е. ви го пробие профилот, најдобро е да се јавите во Дирекцијата за заштита на лични податоци (ДЗЛП). Тие ќе можат да го контактираат Facebook и да спречат несакани активности.
- ДЗЛП може да помогне доколку некој отворил профил во ваше име без ваша дозвола и се претставува како вас.
- Доколку злоупотребите продолжуваат, пример, се појавуваат повторно лажни профили, пријавете го случајот во МВР и кај Јавниот обвинител.
Коментари
6 коментари
Коментарите се затворени.