8 коментари 2 мин. читање

9gag му објави војна на Nescafe

Заедницата на популарниот хумористичен сајт 9gag.com му објави спам војна на Nescafe бидејќи Nescafe дисквалификува видео од својот натпревар од корисник кој побара „лајкови“ од заедницата за да победи и да го израдува својот хендикепиран брат.

Унгарскиот Nescafe на својата Facebook страница објави натпревар на кој ги повика корисниците во кратко видео да објаснат што ќе прават со наградата која изнесува 5.000 долари. За видеото да влезе во финалето е потребно да собере најмногу „лајкови“, а во финалето Nescafe ќе одлучи за победникот.

Корисникот Jani објави стрипче на 9gag.com во кое објасни дека сака да го израдува својот 11-годишен хендикепиран брат со 5-те илјади долари, и побара од заедницата на 9gag.com да му кликнат Like на видеото. Наместо 3.000 „лајкови“ кои му беа потребни за влез во финалето, неговото видео собра над 40.000.

Бројните гласови не се изненадување кога се работи за популарните сајтови со кориснички-генерирана содржина. 9gag.com е токму таков сајт. Тој не креира содржина, туку корисниците споделуваат креативни постови кои потоа се лајкуваат и споделуваат од други, формирајќи една глобално поврзана заедница. Во неколку наврати се покажа дека таквите заедници се секогаш подготвени да дадат поддршка на корисник, и можеби малку порасположени да критикуваат и тролаат некого кој не е со нив.

Nestle, најверојатно мислејќи дека 40-те илјади се некоја измама, го дисквалификува видеото, и го тргна од натпреварот.

Ова ја разгневи заедницата на 9gag.com која започна да ја спамира и унгарската и официјалната Facebook страна на Nescafe со навреди, погрдни зборови, критики и барања да се исплатат парите од наградата. Спамирањето сè уште трае, всушност има по нова погрдна спам порака скоро секоја минута.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

8 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top