(текстот е споделен од Арангел Ангов од Слободен софтвер Македонија)
Сподели Wi-Fi е идеја која што се роди при една дискусија во хаклабот КИКА за тоа дека би било кул да имаме апликација која што ќе служи како еден вид обележувач на пристапни точки за Wi-Fi низ Скопје за да не мора секој пат кога ќе одиме во некој кафич или ресторан да го бараме клучот за Wi-Fi од вработените. Наместо да го правиме тоа да имаме база на веќе претходно внесени клучеви која што ќе се синхронизира со копија на интернет преку мини апликација за Android. Бидејќи се работи за јавни Wi-Fi точки, објавувањето на овие информации на интернет не би требало да претставува никаков проблем за никого.
Благодарение на Бојан Илиевски, уште неколку дена по муабетот излезе првата верзија на Сподели Wi-Fi. Апликацијата е објавена на Android Market.
Апликацијата функционира на следнив начин:
- Седнувате во ресторан;
- Ја стартувате апликацијата и веднаш добивате листа на сите пристапни точки во близина заедно со нивните клучеви;
- Кликнувате на името на пристапната точка и апликацијата автоматски ве поврзува на таа Wi-Fi точка;
Едноставно и корисно. Се што треба да направите вие доколку сте врзани на некоја точка што сѐ уште не е додадена е да ја додадете и истата ќе им биде достапна на сите што ќе дојдат после вас.

Апликацијата нормално е слободен софтвер и е објавена под GPLv3. Можете да придонесете со додавање на некоја опција доколку сте програмер, со пријавување на баг ако сте корисник или едноставно преку користење на апликацијата и додавање на што е можно повеќе Wi-Fi точки.
Повеќе информации за проектот можете да најдете на github:
Багови можете да пријавувате на:

Коментари
14 коментари
Коментарите се затворени.