0 коментари 1 мин. читање

AndroidLand: Продавница за Android уреди

Австралискиот оператор Telstra во Мелбурн отвори ексклузивна продавница за Android уреди, која тие тврдат дека е прва од ваков вид во светот.

Во соработка со Google и неколкуте производители на уреди за Android (HTC, Motorola, LG, Samsung и Sony Ericsson) оваа продавница ќе понуди секаков вид уреди и опрема за Android и совети и инструкции од обучени лица за како корисниците во целост да ги користат опциите на овој мобилен оперативен систем.

Во продавницата за да се зголеми интерактивноста има изложено и уреди поврзани со Google Earth како и сервиси преку кои корисниците ќе можат да си направат своја лична Android верзија.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Мени
Заедница
Изглед
To top