0 коментари 1 мин. читање

Со Android апликацијата Наполни си ќе ги најдете сите бензиски пумпи блиску до вас

Наполни си е апликација за Android која е корисна за сите возачи. Не само што има над 130 бензиски пумпи кои се прикажуваат на мапа и се листаат според локацијата на возачот, но има и опција за статистика колку гориво трошите и колку често надополнувате.

Првин по стартувањето на апликацијата ќе треба да си направите профил за автомобилот, колку поминал и колку троши за да може да се калкулирате со полнењето. Има статистики за месеци и години така да е корисна и за на долгорочен план да се води грижа за автомобилот.

Апликацијата е бесплатна и до сега е симната меѓу 1.000 и 5.000 пати.Првата верзија е од декември 2010-та.

(via Android Македонија/FB)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top