6 коментари 4 мин. читање

Уште два кандидата за игра на годината: Modern Warfare 3 и Еlder Scrolls 5 Skyrim

Минатата недела претставивме две игри кои се можни кандитати за игра на годината. Оваа недела излегуваат уште две нови игри кои се кандидати за оваа титула. Првата е третото продолжение на серијалот Modern Warfare, а втората игра е петтото продолжение на серијалот Elder Scrolls.

Call of Duty: Modern Warfare 3 уште во предпродажбата ги надмина своите конкуренти за најпродаван шутер годинава Battlefield 3 и Rage со продадени 9 милиони копии. И покрај тоа што оваа бројка изнесува 70 oтсто од претпродажбата на претходникот Modern Warfare 2 аналитичарите предвидуваат дека играта ќе достигне до бројка од 20 милиони продадени примероци до крајот на годинава. Податоците од Activision пак прикажуваат дека Black Ops и Modern Warfare 2 се продадени во 22 односно 25 милиони копии до сега. Играта излезе на 8 ноември за сите платформи (PC, Xbox Wii и PS 3), а достапни се неколку опции за купување. Премиум опцијата за 50 долари ќе ви овозможи годишен пристап на серверите, а елитната премиум копија за 100 долари бесплатно ќе ви ги додаде и сите дополнителни содржини кои ќе бидат објавени за играта.

Со оглед на тоа дека претпродажбата од 9 милиони копии ги надмина петте милиони од првата недела и трите од претпродажбата на Battlefield очигледно е дека резултатот во борбата за најпродаван шутер годинава е 1:0 за Activision. За сепак славјето да не биде целосно се погрижија двајца маскирани французи кои заедно со роба вредна 400,000 евра, украле и 6,000 копии на играта од камион. Овие копии на играта се појавија во продажба два дена порано на онлајн аукции, од Infinity Ward објавија дека нема да ги казнат корисниците на сите легални копии на играта.

Вториот голем наслов и кандидат за најдобра игра годинава – Еlder Scrolls 5 Skyrim, а ќе излезе неделава е од Bethseda и е наследник на играта која го прослави ова студио. Двете претходни игри во овој серија Elder Scrolls: Morrowind и Elder Scrolls: Oblivion ја добија престижната награда за најдобра игра во годината кога излегоа и се доказ дека најдобрите игри не секогаш се и најпродавани. За жал на Bethseda, xBox копии од играта веќе се достапни за „симнување“ на торент страните повеќе од 10 дена од официјалната дата за продажба. Да биде ситуацијата уште поиронична неколку дополнителни мисии во играта ќе бидат ексклузивно достапни единствено на Xbox во првите 30 дена по излегувањето.

Од останатите вести неделава инди хитот Minecraft официјално го доби својот својот четири милионитиот премиум корисник. И покрај тоа што играта сè уште е во бета фаза веќе се регистрирани 16 милиони профили. Оваа игра е достапна и бесплатно, а на играчите кои се решиле да ја купат играт им се достапни повеќе модови на играње. Следната недела од 18 до 19 ноември ќе се одржи и првиот Minecraft конгрес кој најверојатно ќе биде најголемиот организиран од независен производител на видео игри.

Според веста која ја пренесува Reuters ратинг агенцијата Standard & Poor најави дека е можно да го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Sony од “А-“. Намалувањето главно се должи на загубите на гигантот од 2009 година. Намалената продажба на Sony производите се должи на високата вредност на јапонскиот Јен во однос на другите валути, намалувањето на продажбата на електрични уреди и земјотресот кој ја погоди Јапонија годинава. Standard & Poor изразија и загриженост поради откупувањето на Ericsson, објаснувајќи дека овој потег најверојатно ќе го зголеми финансискиот товар кој го има компанијава.

Оваа вест ја остави во сенка неверојатната бројка на нови играчи кои се приклучија на DC Universe Online по менување на моделот за плаќање. Бројката на новите играчи е толку голема што е загрозена стабилноста на серверити на кои се игра играта. Ова се разбира е разбирливо со оглед на тоа дека бројот на играчи во последнава нецела недела е зголемен за десет пати.

DC Universe Online е вистинска игра за фановите на стрипови кои ги издава DC Comics, a играчите можат да одберат дали ќе играат со херој или злосторник. Покрај ова во играта се појавуваат сите карактери од стриповите помеѓу кои Batman, Joker, Superman, Green Lantern, Flash и останатите. За нашите кориснице можеби ќе биде проблематично што за да ја играат играта треба да го симнат клиентот кој е 14 GB и најновата закрпа од 6 GB.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

6 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top