2 коментари 2 мин. читање 10 октомври, 2011

Google претстави новиот програмски јазик Dart за креирање веб апликации

Google претстави нова програмерска платформа за поедноставно и поефикасно програмирање на веб апликации. Dart би требало да биде лесен за учење, но и моќен за креирање апликации за модерни веб прелистувачи и мобилни платформи.

„Dart е наменет за широк спектар на развојни сценарија: од проекти за еден човек без многу структура до големи проекти на кои им треба формални класи во кодот да ги постават замислите на програмерите. За да го поддржи овој широк спектар на проекти, Dart има додатни класи; ова значи ќе може да започнете да кодирате без класи и да ги додавате кога ќе е потребно. Веруваме дека Dark ќе биде одличен за пишување на големи веб апликации“, вели софтверскиот енжинер на Google, Ларс Бак.

Kодот на Dart може да биде стартуван на два различни начина: преку виртуелна машина или преку JavaScript енџин со користење на компајлер кој го претвара кодот од Dart во JavaScript. „Ова значи дека може да напишете веб апликација во Dart, да ја компајлирате и да ја стартувате на модерен прелистувач“, вели г. Бак.

Алатките за Dart кои се слободен софтвер, заедно со инструкциите и библиотеките, може да ги најдете на http://www.dartlang.org.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Пецо Данајловски
Пецо Данајловски
14 years ago

Еве како изгледа најобичен Hello World искомпајлиран во јаваскрипт (тоа е целта на дарт ако добро разбрав, така?):
https://gist.github.com/1277224

:D

Инаку не знам зошто големиве играчи се занимаваат со измислување топла вода, кога има итекако добри алатки за таа намена.

Марјан
Марјан
14 years ago

Првоаприлска шега на Гугл?

Мени
Заедница
Изглед
To top