Ubuntu 11.10 изгледа навистина добро

5 коментари 1 мин. читање

Новата верзија оперативниот систем Ubuntu, наречена Oneiric Ocelot или Ubuntu 11.10, е треба да биде достапна за преземање за неколку дена, поточно на 13 октомври.

Во новата верзија има неколку новини, меѓу кои се подобрена верзија на десктопот Unity (штета што имам слаба графичка, па морам да се задоволам со Gnome), редизајниран Ubuntu софтвер центар, вметнати се нови стандардни апликации како што се имејл апликацијата Thunderbird и алатката за бекап, DeJa Dup, нов екран за логирање и други стандардни подобрување на стабилноста и перформансот.

Доколку ве интересира изгледот и можностите на Oneiric Ocelot, тогаш погледнете го приложеното кратко видео.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Коментари

5 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top