0 коментари 3 мин. читање 5 октомври, 2011

Google+ овозможи нотификации во табовите, блокирање на коментари и пребарување на хаш-тагови

Една од новините во Google+ е појавувањето на нотификации на Google+ јазиче. Google успеа одлично да го интегрира Google+ во сите свои сервиси, како и да го направи сериозен конкурент на Facebook, меѓутоа доколку корисниците сакаат да видат дали имаат некоја новост на Google+ без да мораа да се упатат на друштвената мрежа, мораа да инсталираат посебни додатоци во нивниот веб прелистувач. Со новото подобрување, на секое отворено Google+ јазиче сега ќе се појавува нотификација во форма на бројка, означувајќи го бројот на новости кои го чекаат корисникот на Google+. Слично како и кај Facebook, бројката ќе се ажурира со секој нов коментар или покана.

Другата новина е можноста корисниците да блокираат коментирање на содржните пред да ги споделат, како и да забранат споделување на истите. Претходно корисниците мораа прво да споделат па потоа да одберат дали ќе ги блокираат коментарите и можноста други да ја споделуваат дадената содржина. Според инжинерот во Google+, Аби Амиребрахими, оваа опција била барана од корисниците веќе подолго време. Google+ неодамна стартуваше API за пребарувања, коментари, како и за копчето +1, што ќе им овозможи на трети апликации да покажуваат кој споделил јавна содржина или пак стиснал на копчето +1, како и пристап до сите коментари, па така новата опција ќе им овозможи на корисниците однапред да си ја обезбедат приватноста.

Дополнително овозможено е и пребарување на хаш-тагови, пишува The Next Web. Ова не се хаш-тагови на #Twitter туку се хаш-тагови во Google+. Пример за споделен хаш-таг може да се најде во пост на менаџерот за заедници на Google+, Натали Вилалобос. Хаш-таговите, кои се одбележуваат со # и помагаат за групирање на пораките во една тема, се новина во Google+ и сè уште не се разработени. Интересно е што можеби хаш-таговите ќе помогнат во организирање на дискустиите, но можеби во пребарувањето и не се толку потребни бидејќи во Google+ се пребаруваат клучни зборови без врска дали се одбележани како хаш-тагови или не.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top