2 коментари 2 мин. читање 5 октомври, 2011

Што е потребно за да се вработите во Google, Facebook или Apple

Светската економија е во голем пад, но тоа не ги сопира технолошките гиганти да прават огромни профити од своите производи и услуги. Google, Apple, Facebook се едни од неколкуте компании кои се на чело на ИТ (р)еволуција, и со тоа се едни од најпривлечните компании за работа. Сигурно не ве  иизненадува фактот дека голем број на професионалци од сферата на компјутерските технологии би сакале да работат токму за нив? Но, не е толку едноставно. Иако еден од четворица млади професионалци би сакале да работат во Goolge, само еден од 250 ќе успее да се вработи оваа компанија.

MastersDegree.net креираше интересен инфографик кој прикажува совети за како да се најде работно место во една од водечките технолошки компании. Во инфографикот се прикажани најдобро платените работни позиции, кои знаења и вештини моментално се најбарани, како и кои работни позиции се најдостапни. Исто така прикажано е каков треба да биде идниот вработен во една од овие компании. Доколку планирате да аплицирате во Google, Facebook или Apple, инфографикот би можел да ви даде основна претстава за потребните квалификации кои треба да ги поседувате.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
;-)
;-)
14 years ago

pa zatoa nema da rabotis tuka, douche-bag

Marko
Marko
14 years ago

Ova ne vazi kaj nas, kaj nas nema ni facebook ni apple.

Мени
Заедница
Изглед
To top