ФИНКИ ќе препорачува студенти за праксa во Google

во ИТ.МК

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и софтверски инженер во YouTube Славе Јовановски договорија соработка да ги препорачаат најдобрите студенти од завршните студентски години од ФИНКИ за пракса во Google.

Подолу е целиот текст од сајтот на ФИНКИ. За да останете во тек со новосите инсталирајте си ФИНКИ екстензија за Chrome и Firefox.

„Согласно договореното, ФИНКИ секоја година ќе прави интерна селекција на заинтересираните студенти од завршните студиски години. Најдобрите од нив ќе бидат препорачани за пракса во Google, по што со голема веројатност ќе добијат прво интервју. За праксите во текот на летните месеци на 2012 година, овој процес Факултетот ќе го спроведе на почетокот на зимскиот семестар. Дополнителни информации за процедурата за пријавување ќе бидат објавени наскоро на веб страната на ФИНКИ.

Стандардниот процес на аплицирање за студентски пракси во Google го започнуваат милиони студенти и инженери од целиот свет. По првичните селекции врз основа на испратените CV-а, бројот на потенцијални практиканти значително се намалува и кандидатите кои ја поминале селекцијата го започнуваат процесот на интервјуирање. По завршувањето на овој процес некои од нив добиваат можност за пракса во Google и работа на реални проблеми. Досегашните искуства покажале дека ваквите пракси неретко преминуваат во вработувања. Моментална работна позиција на Славе Јовановски отвара интересни можности и за студентите на ФИНКИ. Имено, еден од многуте благодети и одговорности што ги имаат вработените во Google е тоа што нивната препорака со голема веројатност им овозможува добивање на прво интервју на кандидатите. Понатаму, сѐ зависи од способностите и квалитетите на самиот кандидат.

Славе Јовановски околу три години работи во YouTube на позицијата постар софтверски инженер и е технички лидер на повеќе проекти. Неговиот исклучителен талент и напорната работа го движеа со голема брзина од средношколските клупи во Радовиш, преку стипендираното студирање на Универзитетот во Охајо, САД, до вработување во VeriSign, по што беше регрутиран од агенти на Google за работа во YouTube.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk