Достапен е Windows Phone 7 Mango

во Мобилни, Софтвер

По претставување на веб-базираниот Marketplace, Мicrosoft ja стартува и долго најавуваната Mangо (7.5) верзија на Windows Phone 7 која со себе донесува 500 подобрувања на мобилниот оперативен систем.

Microsoft вели дека Мango ќе биде достапен за 98 отсто од Windows Phone корисниците поостепено ширум светот, зависно од операторите и моделите на телефоните. Кога надоградбата ќе биде достапна за нив, корисниците ќе добијат порака на телефонот дека треба да ја инсталираат.

Windows Phone 7.5 или Mango има мултитаскинг на апликации, подобрена интеграција со друштвените мрежи и комуникација, Twitter и LinkedIn интеграција во People менито, има Facebook чет и Windows Messenger интеграција, има групи за организирање на контактите и пријателите, поддршка за Facebook Places, поврзување на имејл профили, Bing Vision опција за читање на баркодови, QR кодови и постери, гласовна поддршка за Bing Maps, подобрен Skydrive и Office 365, нов Marketplace за апликации, Internet Explorer 9… и уште многу други подобрувања, се со цел Windows Phone 7 да стане конкурентен мобилен оперативен систем на Android и iOS.

Покрај ова надградување на веќе постоечките уреди, се очекува и наскоро и Nokia, која е во соработка со Microsoft, да ги објави и првите Mango телефони.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments