Платформата за блогирање Posterous од оваа недела е редизајнирана со цел да стане подруштвена, поточно целосно го заменува концептот на блогирање со друштвена мрежа. Причината за ваквиот потег е тоа што интернет просторот за микроблогирање е веќе преполн, и Tumblr е водечкиот ваков сервис, попосетен и од LinkedIn и од Twitter.
Покрај модификацијата на корисничкиот интерфејс, Posterous исто така се збогати и со ново име, нарекувајќи се Posterous Spaces. Новиот Posterous e се’ уште едноставен како и претходно, меѓутоа сега е збогатен со друштвени алатки и можности за полесно споделување. Posterous Spaces ја задржува клучната опција за блогирање, додавајќи ја и опцијата Groups. Блоговите и групите сега се нарекуваат Spaces, и со тоа Posterous има за цел да им овозможи на корисниците полесно и поконтролирано да споделуваат фотографии и видеа со своите најблиски. Причина за концетрирањето на Posterous кон приватно споделување е тоа што приватните блогови растат многу повеќе одколку јавните блогови.
Според директорот на Posterous, Сачин Агарвал, κорисниците сега ќе можат да креираат колку сакаат Posterous Spaces (претходно познати како сајтови), да одлучат дали сакаат да бидат приватни или јавни, и можат да бидат наменети за било која од нивните друштвени групи, како што се членови на фамилија, колеги, или пак пријатели. Почетната страница сега е надополнета со јазиче Reader, опција која ги покажува последните содржини од блоговите кои корисниците ги следат. Исто така има и опција која ќе им овозможи на корисниците да покажат дали им се допаѓаат одредени содржини, како и опција да ги погледнат моментално најпопуларните содржини на платформата.
Posterous Spaces исто така е збогатена и со мобилна апликација за iPhone, кој се состои од стрим сличен на Facebook стримот кој се состои од содржини споделени од разните Spaces кои корисниците ги следат. Кога се споделуваат фотографии од апликацијата, корисниците ќе можат на лесен начин да ја гео-означат фотографијата.
Introducing Posterous Spaces from Posterous on Vimeo.







