Angry Birds се најпопуларната мобилна игра со над 300 милиони симнувања. Играта има три платени и бесплатна верзии кои се играат 200 милиони минути дневно, а Rovio, компанијата зад играта, се проценува дека вреди 1 милијарда долари. Уште еден интересен факт, играчите искористиле над 100 милијарди виртуелни гневни птици, што е исто колку бројот на видови птици кои ги има на планетава.
Но, освен неверојатните бројки за популарноста, што може Angry Birds да ни каже за навиките (и зависноста) на мобилната публика? Според анкетата на истражувачката компанија AYTM, иако играта е играна неверојатно многу минути и симнувана неверојатно многу пати, сепак 53 отсто од играчите на Angry Birds ја немаат купено платената верзија. Доколку се купува, има 33% поголема шанса играчите помлади од 24 години да ја купат играта, отколку играчите постари од 25 години, што кажува дека помладата публика е спремна да троши на игри, додека постарите сè уште се скептици, и покрај фактот што можеби имаат повеќе пари.
Интересно, 58 отсто од играчите ќе бидат во подобро расположение по играње на играта, на 37 отсто расположението нема да им се смени, додека на 5 отсто расположението ќе им биде полошо. Ако играчот е невработен тогаш има два пати повеќе шанса да се нервира по играта. Заедно со расположението според анкетата, на 54 отсто од играчите им се појавува привремена зависност од Angry Birds, едноставно не можат да ја остават играта. Повеќето играчи велат дека е едноставна, дека наградува за уништување, реалистична е и е смешна.
(кликни за поголема слика)









Досадна или не, момците сега тежат 1 милијарда долари ;)
Не е толку интересна играта како што се реакциите на птиците :)
Како и да е сепак маркетингот си го прави своето.
Не знам од каде толку популарна, има милиони вакви игри со фрлање нешто да рушиш нешто и сите ми се досадни. Ја имам играно и ова, и ова ми е досадна.