Доколку ви се здосадил монотониот изглед на вашето резиме, и сакате да го направите да изгледа поразиграно, тогаш би ви препорачал да ја погледнете веб апликацијата Visualize.me. Станува збор за веб апликација која ви овозможува вашето резиме да го направите во форма на инфографик користејќи го вашиот LinkedIn профил.
Инфографикот од вашето резиме се креира автоматски така што Visualize.me благодарение на своите алгоритми ги презема информациите од вашиот LinkedIn профил и користејќи различни теми ги трансформира во професионален инфографик. За да можете да направите инфографик треба најпрво да се регистрирате на официјалниот сајт, и да почекате да добиете код кој потоа треба да го вметнете доколку сакате вашето резиме да изгледа стилски поинтересно од сегашното.
Според основачот на Visuzalize.me, Јуџин Ву, во иднина на корисниците ќе им биде овозможено да имаат уникатни инфографици така што ќе имаат голем избор на теми и опции за да ги модификуваат. Се разбира овие дополнителни опции ќе имаат за цел да ја направат Visualize.me профитабилна веб апликација.
Доколку сте љубител на инфографици, можете да го погледнете и веб сајтот Visual.ly, кој располага со голема број на креативни и поучни инфографици.







