6 коментари 1 мин. читање

Читајте IT.com.mk и на iPad, ви ја претставуваме официјалната апликација

Покрај читањето на IT.com.mk на iPhone, сега ќе може да уживате во нашите содржини и на iPad! Ви ја претставуваме официјалната IT.com.mk апликација за iPad, која е достапна за бесплатно симнување преку iTunes.

IТ.com.mk за iPad ги содржи сите последни содржини поделени по категории, кои се распоредени на доста интересен и уникатен начин. Содржините исто така може да се читаат и офлајн. На првото вчитување, на апликацијата и е потребно малку повеќе време за да ги индексира постоечките содржини, но понатаму нема никакви застои… Минималната iOS верзија за апликацијата е iOS 3.2.

Апликацијата е изработена во соработка со нашите добри пријатели Venikom, кои исто така ни помогнаа и со создавањето на iPhone апликацијата. Целото нивно портфолио може да го ѕирнете на следниов линк, додека од нивното iPad портфолио би ви предложиле да ги погледнете: WIGOO и GRAFIK.

Погледнете ги сликите, пробајте ја апликацијата и кажете ни што мислите! :)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

6 постари WordPress коментари
Мени
Заедница
Изглед
To top