Друштвената мрежа ја зголеми резолуцијата на која се гледаат сликите од 720p до 960p и овозможи да се вчитуваат двапати побрзо. На Facebook се закачуваат 250 милиони слики секој ден!, правејќи го сервисот најголемиот фото сервис на Веб, и затоа Facebook сака да ги претвори сите тие слики во квалитетни галерии давајќи им слобода и можност на корисниците да закачуваат слики со поголема резолуција што е можно повеќе.
Тоа што е кул од страна на Facebook, е што сите слики до сега што ги имате закачено на мрежата, и кои се со соодветна големина, ќе бидат прикажани во поголема резолуција.
Покрај резолуцијата, направена е промена на интерфејсот за прегледување на галеријата. Сега сликите се прикажуваат без црната рамка (конечно!), која е заменета со бела позадина, што го прави целото прегледување поедноставно и почисто.
Овие промени ќе се стартуваат постепено за сите 750 милиони Facebook корисници.








