4 коментари 1 мин. читање

Razer претстави ултра-тенки гејминг лаптопи со видео пад на допир

Razer Blade е следната генерација гејмерски 17-инчни лаптопи кои се само 2.2 сантиметри тенки и тежат само 3.1 килограм. Освен што се изнанадувачки компактни за, како што Razer го рекламира, „првиот вистински гејминг лаптоп“, друга интересна новина со Razer Blade е што имаат OLED копчиња кои можат да се персонализираат и LCD пад на допир.

Видео падот на допир, познат како Swithcblade UI, е интерфејс дизајниран за да ги прикаже дополнителни опции од играта. Има два модула, едниот да прикаже визуелни информации, пример мапа oд играта, и втор модул со кој може да се искористи падот на допир како контролер. Покрај видео интерфејсот, Blade има и 10 копчиња кои можат да се персонализираат.

Инаку, што се однесува до хардверскиот дел, 17-инчниот лаптоп има 2.8 GHz Intel Core i7 2640M процесор со 8 GB RAM и nVidia GeForce GT555M 2GB графичка картица, и 320 GB SATA диск. Повеќе за перформансите на сајтот на Razer.

Сепак колку и да изгледа и звучи одлично, не очекуваме дека некој гејмер ќе се пофали наскоро со нов Razer Blade. Лаптопот чини 2.800 долари, најверојатно цената е висока поради иновативниот Switchblade интерфејс.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top