Microsoft неодамна претстави блог наречен „Развивајќи го Windows 8” во кој софтверскиот гигант ќе се обиде постепено да ги претстави промените и новините во новиот оперативен систем. На блогот сега може да се најде нов текст кој има за цел да ги прикаже промените направени на системот за менаџирање на датотеки.
Копирање, пренесување, реименување, и бришење се најчестите дејствија што се вршат при користење на Windows Explorer. Тимот зад Windows 8 планира користењето на овие главни команди да го направи поубаво искуство. Начинот на работа на овие команди е нешто што се нема променето многу од кога постои Windows. Иако овие команди, си функционираат најнормално во сегашната форма, нивната работа сепак може да се подобри.
Во новиот оперативен систем, Windows 8, кога ќе извршувате повеќе различни копирања во исто време, ќе ви се појави еден дијалог, наместо сега кога се појавуваат посебни дијалози. Корисниците исто така ќе можат да стопираат индивидуални трансфери, доколку сакаат некои конкретни работи да завршат побрзо. Моментално, корисниците можат да видам само уште колку време останува до завршетокот на трансферот, додека во Windows 8 ќе можат да гледаат повеќе детали при трансферот на датотеките. Имињата на изворот и дестинацијата на датотеките ќе можат да се кликаат и на брз и едноставен начин ќе може да се дојде до тие папки. За поубаво да ги видите новините кои ќе се најдат во Windows 8 погледнете го приложеното видео.








Nice :)